Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туск оценува дека без нивен ангажман на Балканот ќе има и крвопролевање

Туск оценува дека без нивен ангажман на Балканот ќе има и крвопролевање

Првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск, за полскиот дневен весник Газета виборча изјави дека е успех тоа што е останата европската перспектива за земјите од Западен Балкан, и покрај заморот од проширувањето, затоа што без активностите на ЕУ состојбите во регионот би биле многу полоши. 

Тој вели дека Балканот за ЕУ е европската грижа на совеста.

„Фактот што успеав да ја зачувам европската перспектива за земјите од тој регион го сметам исто така за успех. Во моментов не постои импулс за проширување на Унијата во тој дел на Европа, но тоа замрзнување не значи затворање. На Балканот во секој момент може да се случи нешто лошо“, рече Туск во обемното интервју по повод титулата „Личност на годината“, која редовно ја доделува овој полски либерален весник.

Тој предупреди дека во Босна само по некое чудо не доаѓа до крвопролевање, а дека во Европа има толку многу гласови што велат „треба да го одземеме тоа што е наше“.

Вели дека Србија од некои остри потези се воздржува само поради перспективата за преговори за влез во Унијата,  а дури и Словенија и Хрватска спорат за границите. 


Слично

Поврзани вести