Турците кон Русите: Не слушајте ја Владата, дојдете на море!
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу најави бесповратна помош од 255 милиони лири (87 милиони долари) за домашниот туристички сектор.
Тој сектор на економијата го погоди есклацијата на тензиите со Русија и растечката несигурност поради терористичките напади, и можноста за реструктуирање на долгот на туристичките компании.
Давутоглу изразил очекување дека руските туристи, кои ги посетуваат градовите на југот на земјата како што се Анталија и Аланија, ќе продолжат да доаѓаат во Турција, и покрај ставот на нивната влада, пренесува Ројтерс.
Имено, руските власти на своите граѓани им препорачаа да не патуваат во Турција, откако турските власти во октомври лани соборија руски воен авион на границата со Сирија.
Приходите од туризмот во Турција во последниот минатогодишен квартал паднале за 14,3 одсто, додека во целата ланска година се намалени за 8,3 одсто, спрема податоците на турскиот статистички институт.
Како што наведува Ројтерс, Турција посебно е популарна дестинација и за германските туристи, но нивната побарувачка за аранжмани во Турција значајно паднала после самоубистените напади во Истанбул во јануари 2016 кога настрадаа десет германски државјани.
Турција, исто така е соочена со низа безбедносни закани. Како дел од коалицијата, која ја предводи САД, во борба против Исламска држава во соседна Сирија и Ирак, официјална Анкара лани се соочи со низа бомбашки напади во Истанбул и Анкара кои им се препишуваат на припадниците на ИД.
Најголемиот светски туроператор ТУИ, соопшти овој месец дека бројот на резервации за претстојното летување во Турција паднал за 40 одсто, поради безбедносни закани.
