Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИТЕ ГЛАСААТ: Предвремени парламентарни избори во Турција

ТУРЦИТЕ ГЛАСААТ: Предвремени парламентарни избори во Турција

Милиони Турци денес ќе гласаат на изборните места на парламентарните избори кои би можеле да ги побијат сите рекордни излезности.

Гласачко право имаат околу 57 милиони турски државјани, а пресуден фактор на овие неизвесни избори би можела да биде турската дијаспора со повеќе од милион регистрирани избирачи.

Ова е второ гласање во рок од помалку од пет месеци, бидејќи после јунските избори ниедна партија, вклучувајќи ја донеодамнешната неприкосновена Партија на правдата и развој на претседателот Реџеп Таип Ердоган, не успеа да формира влада.

Душан Спасојевиќ , поранешен амбасадор на Србија во Анкара, ги оценил за Танјуг овие избори како пресврт за иднината на таа земја.

-Ердоган одлучил да во кампањата влезе на воена реторика, да отвори фронт и во самата земја против Курдите, кој во јуни прв пат од 1923 година успеаја да го прескокнат цензусот од десет отсто-навел тој.

Слично

Поврзани вести