Турција започна со повлекување од Ирак
Дел од турскиот контингент се повлекол од кампот во близина на градот Мосул во северен Ирак, соопштија странските медиуми.
Неодамна Анкара испрати своја војска во контингентот под изговор за обучување на ирачките Курди во борбата против терористичката група „Исламска држава“.
Турската страна сепак го направила тоа без согласност на ирачката влада.
Багдад соодветно во неколку наврати инсистираше Анкара да ги повлече своите војници од контингентот во градот Мосул.
Слично
