Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција усвои закон кој удира директно по Курдите

Турција усвои закон кој удира директно по Курдите

На второ читање турскиот парламент го усвои силно спорниот закон кој ќе овозможи одземање на имунитетот на десетици прокурдски и други пратеници и исфрлање од вишиот законодавен орган.

Тоа се случи откако во средината на неделава законот беше отфрлен.

Предлог-законот беше поддржан од 376 пратеници во 550-члениот парламент. Тоа значи дека тој се претвора во закон директно, без да биде ставен на референдум, рече претседателот на парламентот Исмаил Кахраман.

Предметните пратеници стануваат особено ранливи, бидејќи ќе се претворат во лесен плен под сомневање за врски или дури вербална поддршка за забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која го обнови војната против турската држава.

Тоа пак се случи, бидејќи Анкара одби да ги поддржи Курдите во Сирија против терористичката група „Исламска држава“.

Претходно денеска беше соопштено дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе изрази на средба следната недела со претседателот Реџеп Ердоган загриженост од усвоениот закон.

Претседателот Реџеп Ердоган изјави дека „гласањето е историско“. Во емитуван говор  на телевезијата од неговата резиденција во неговиот роден град Ризе на Црното Море тој рече:„Мојот народ не сака да гледа престапи се законодавци во овој парламент.“

Слично

Поврзани вести