Турција удри по „ИД“, уапси стотици осомничени за тероризам
Во Турција за време на операцијата на полицијата во 13 провинции се уапсени 251 учесници во различни терористички групи, вклучувајќи ја и „Исламска држава“ „ИД“. Тоа го соопшти кабинетот на премиерот Ахмет Давутоглу.
Лицата се членови на „ИД“, и на Курдската работничка партија и сродни организации, маргинални левичарски групации. Сите тие претставуваат закана за јавниот ред, се вели во пораката.
Оваа ноќ 5000 припадници на полицијата и на специјалците почнаа голема операција за апсење на терористите кои живеат во Истанбул. Во текот на операцијата против лица од „Фронтот на револуционерно народно ослободување“ имало престрелка, во која загина една жена, која отворила оган врз полицајците. Уапсени се 10 лица.
Одлуката за операцијата беше донесена откако џихадистите од „ИД“ бомбардираа од сириска територија турски војници во провинцијата Килис. Во одговор турската армија започна да нанесува удари, вклучувајќи воздушни, по цели на „ИД“ во Сирија.
