Турција спасила над 18 000 бегалци во Егејското Море за еден месец
Само за еден месец - од 17 јули до 17 август турската погранична полиција спасила 18 296 имигранти во Егејското Море.
Ова го соопшти владата во Анкара и прецизира дека од почетокот на годината нивниот број е 36 510 лица. Во соопштението се наведува дека во текот на летото нагло е зголемен бројот на бегалците.
Властите во Турција предупредуваат дека бегалците користат бродови кои се во многу лоша состојба. Најмногу бегалци доаѓаат од турското летувалиште Бодрум и грчкиот остров Кос, се вели уште во соопштението.
Слично
