Турција создава нова разузнавачка структура
Турскиот премиер Бинали Јилдирим ja потврди намерата на владата да создаде нова разузнавачка структура по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули.
Тој посочи дека очигледно земјата има проблем со разузнавањето.
Јилдирим коментира дека во моментов Одделението за безбедност на Турција и жандармеријата исто така имаат разузнавачки оддели, пренесе Анадолија.
Реструктуирањето на разузнавањето, на кое Турција работи во моментов, сепак ќе опфаќа многу мерки, вклучувајќи го и справувањето со закани кои доаѓаат одвнатре и однадвор.
„Кај некои земји надворешното и внатрешното разузнавање се поделени. Кај други сите се под еден покрив. Постојат многу варијации во светот. Ќе продолжиме со добрите навики и ќе ги отстраниме лошите“, изјави премиерот на Турција.
Околу 208 лица се жртви, а 1491 се повредени при неуспешниот обид за атентат во Турција. Можноста за враќање на смртната казна во Турција предизвика остри реакции и сериозни критики меѓу меѓународната заедница.
Слично
