Турција со нови мерки за безбедност по нападот во Анкара
Турската влада одлучи да преземе нови мерки за безбедност во национален план по нападот со автомобил-бомба, при што во четвртокот загинаа 28 лица во центарот на Анкара, соопшти АФП, цитирајќи го премиерот Ахмет Давутоглу.
Одиме кон промени во областа на безбедноста, рече Давутоглу по 5-часовниот состанок во Анкара со шефовите на националната безбедност.
Тој посочи дека се подготвува антитерористички план за акција.
Слично
