Турција со навестување кон Русија: Иднината на „Турски поток“ зависи од ЕУ
Иднината на гасоводот „Турски поток“ зависи од интересот кој ќе го покаже Европската унија.
Тоа го изјави турскиот министер за европски прашања Волкан Бозкир.
„Турски поток“ ќе биде составен од три гасоводи. Едниот ќе биде користен само за внатрешни турски потреби, но судбината на другите два ќе зависи од интересот на ЕУ“, изјавил Бозкир за проектот, со што се потврдува дека транзитот на рускиот природен гас за Турција преку Украина и Бугарија ќе престане.
Според Бозкир, кој го посети самитот за енергетска безбедност во Будимпешта во вторникот, природниот гас ќе биде една од главните енергетски теми во иднина.
Бозкир дополнил дека другиот енергетски проект за Трансанатолскиот гасовод (ТАНАП) е стратешки важен и исто така треба да го обезбеди снабдувањето со енергија како за Турција, така и за Европската унија.
„Тој е централната врска во „Јужниот коридор“. Турција ја проценува својата обемна соработка со Русија. Ние разбираме дека предлогот на Русија за нов гасовод го зголемил интересот во регионот“, додал Бозкир.
„Стоејќи на раскрсницата помеѓу основните производители на енергија и потрошувачките пазари, Турција не е само краен пазар, но исто така се етаблира како сигурен за транзитна земја која нуди краток и сигурен пат за енергетските извори од своите богати на енергоресурсите соседи“, изјавил Бозкир за време на прес-конференцијата по средбата во Будимпешта.
