ТУРЦИЈА: Смена на градоначалници кои ги поддржуваат курдските борци
Во југоисточна Турција се сменeти 25 градоначалници.
Тие се од општините кои се населени претежно со Курди. Се смета дека градоначалниците ги поддржуваат курдските милитанти и на нивно место се именувани други кадри.
Во повеќето општини со исклучок на четири, каде се направени смени на власт беше Народната демократска партија, која ја поддржува курдската опозиција, пренесуваат светските агенции.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во четвртокот, оваа недела изјави дека кампањата против Курдската работничка партија (ПКК) е најголемата која земјата досега ја спровела и дека смената на државните службеници поврзани со партијата е клучен дел од таа борба.
Слично
