Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИЈА СЕ ЗАКАНИ: Безвизен режим со ЕУ во октомври или го раскинуваме договорот со ЕУ

ТУРЦИЈА СЕ ЗАКАНИ: Безвизен режим со ЕУ во октомври или го раскинуваме договорот со ЕУ

Турција инсистира Европската унија да воведе безвизен режим за нејзините граѓани не подоцна од средината на октомври, во спротивно договорот за бегалците ќе биде раскинат.

Ова го изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за германскиот весник „Франкфурт алгемајне цајтунг“.

„Ако работите не стигнат до визна либерализација, ќе сме принудени да се откажеме од спроведување на договорот од 18 март за враќање на бегалците“, рече Чавушоглу.

„Анкара очекува ЕУ да посочи конкретен датум за воведување на безвизен режим“, истакна Чавушоглу. „Ова може да е почетокот или средината на октомври, но очекуваме конкретен датум“, истакнал министерот.

Пред еден ден претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за австрискиот весник.

Тој предупреди дека договорот меѓу Брисел и Анкара за ограничување на миграциониот поток кон Европа е пред неуспех.

„Ризикот е голем. Досега успехот на договорот е слаб. Претседателот Ердоган веќе даде до знаење неколку пати дека би сакал да го стави под прашање“, објасни Јункер. Според него, ако договорот престанува да се извршува, може да се очекува нов прилив на мигранти кон Европа.

Слично

Поврзани вести