Турција се бори да спречи шверц на мигранти
Турција презема мерки за да го спречи шверцот на мигранти на нејзина територија.
По постигнување на договор со Европската Унија во ноември лани, земјата ги засили поморските патроли, презема строги мерки против шверцерите и оние кои произведуваат и продаваат неквалитетни појаси за спасување или гумени чамци. Уапсени се 4800 шверцери во 2015 година кои ќе одговараат за шверцот на мигранти, а воедно се одземени 1200 појаси за спасување.
Се смета дека мерките дадоа резулат и бројот на нелегални преминувања е намален.
Турција очекува помош од 3 милјарди евра за да се справи со бегалската криза, олеснување на визниот режим за турските државјани и забрзување на преговори за членство во ЕУ.
Слично
