Турција разби база на ПКК која планирала атентати
Турција ја разби базата на курдските сепаратисти, кои се подготвувале за терористички напади.
Во депоата на ПКК во југоисточната провинција Дијарбакир се откриени 22 возила, речиси 20 тони амониум нитрат, подготвени за планирани терористички напади.
Во три реони на покраината се уништени плантажи со 70 милиони корени од канабис, над 5 тони суви листови и 8 260 килограми индиски коноп. Пазарната вредност изнесува 16, 2 милијарди турски лири. Трговијата со нив е меѓу главните извори за финансирање на групата, се посочува во соопштението од властите во Турција.
Операцијата на безбедносните сили против базата започнала на 23 јуни, таа продолжува и сега и се води по воздух и земја. Три одреди на ПКК се неутрализирани, 8 терористи се уапсени, 45 лица се повредени, а меѓу нив се и 12 полицајци.
