Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТУРЦИЈА: Поевтини аранжмани после пучот, ќе издржи ли сезоната?

ТУРЦИЈА: Поевтини аранжмани после пучот, ќе издржи ли сезоната?

Пад на цените и туристичките аранжмани после неуспешни воен пуч и терористички напади кои годинава честопати ја здрмаа Турција.

Сезоната која е во својот најголем ек засега бележи мал пад на продажбата на туристички аранжмани.

Македонските граѓани сепак не се откажуваат од резервираните апартмани . Многумина велат дека веќе резервирале и нема да ги откажат аранжманите , а други пак децидни дека годинава Турција ќе ја заобиколат како туристичка дестинација за одмор.

Тур-операторите и туристичките агенции кои веќе имаат договорени туристички аранжмани (чартер авиолетови и пакет-аранжмани) за летната сезона во Турција, продолжуваат да ги организираат патувањата до понудените дестинации.

Она што многумина туристи го потенцираат е дека во најпознатите турски летувалишта сега може да се најдат многу поефтини аранжмани кои се движат и до 300 евра со ноќевања и all inclusive, во хотели со 4 или 5 *.

Што се однесува пак до европските метрополи, Македонците велат дека се почестите напади во Франција, и последниот во Германија ги предомислува се почесто да не патуваат, би ги посетиле доколку мораат само на службено патување.

Слично

Поврзани вести