Турција поднесе тужба против “Газпром” за цената на природниот гас
Турската гасна компанија „Botas“ поднесе тужба пред меѓународна арбитража против „Гаспром“, оспорувајќи ја цената на природниот гас.
За жалбата било известено министерството за енергетика и природни ресурси на Русија. Тужител е државната гасна компанија, a основата за доведување е запишанa во договорот за испорака на гас, потпишан помеѓу двете земји на 29 декември 2014 година.
Во 2014 година „Botas“ побарала писмено од „Газпром Експорт“ намалување на цената на природниот гас, додаваат од компанијата.
„Како резултат од преговорите беше постигнат договор за намалување на цените и голем попуст, кој почна да дејствува од 29 декември 2014 година. До истекот на шестмесечниот мандат на разгледување на договор - 29 јуни 2015 година, „Botas“ не се обратила кон арбитража за ревизија на цените. Потребните документи, во кои беа склучени постигнатите аранжмани порано, така и не беа потпишани“, се вели уште во соопштението на турската компанија.
На 31 јули рускиот министер за енергија Александар Новак посочил дека „Гаспром“ и „Botas“ постигнале договор за попуст во цената на природниот гас од 10,25 отсто. Тој, сепак, призна дека никакви договори за овој попуст и не е потпишано ништо.
Руските медиуми со месеци коментираат дека недостатокот на договор за цената на бензинот и главно за намалувањето што да користи турската страна, го запираат развојот на „Турски поток“.
Денес претставник на „Гаспром“, Сергеј Купријанов потврдил дека во договорот со „Botas“ е предвидена можноста компанијата да се сврти кон арбитража, за да ја оспори цената на природниот гас. Барањето на Турција е поднесено на 26 октомври.
