ТУРЦИЈА ПАК СЕ ЗАКАНИ: Без безвизен режим се откажуваме од договорот со ЕУ за мигрантите
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека неговата земја ќе го прекине дејството на договорот со ЕУ за реадмисија на илегалните мигранти, ако Унијата не им обезбеди на граѓаните на Турција право на безвизно патување.
На 19 мај претседателот на Турција Реџеп Ердоган потпиша договор за реадмисија со ЕУ . Тоа е еден од условите за обезбедување на турските граѓани на право за влез без виза на територијата на ЕУ.
Документот, кој претходно доби парламентарно одобрување, предвидува можност за принудно враќање во Турција на лица кои нелегално престојуваат во земји од ЕУ .
За време на телевизиското интервју за државната телевизија TRT Чавушоглу исто така, рече дека владата на Германија треба да земе јасна позиција дека не е во согласност со усвоената резолуција од парламентот , објавувајќи ги масовните убиства на Ерменците во 1915 година за геноцид.
Слично
