Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција откри кој стои зад терористичкиот напад во Анкара

Турција откри кој стои зад терористичкиот напад во Анкара

Терористичкиот напад на 10 октомври во Анкара, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе, бил планиран во градот Газиантеп по директни наредби од „Исламска држава“, објави турското обвинителство.

Нападот бил насочен кон нарушување на парламентарните избори, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на турски обвинители.

Во писмено барање на обвинителството во Анкара објавија дека располагаат со докази, посочувајќи дека експлозиите во Анкара биле насочени кон нарушување на планираните избори на 1 ноември.

На 10 октомври во центарот на турската престолнина две моќни експлозии убија 102 лица. Нападот бил најкрвавиот во историјата на Турција, а беше извршен од страна на двајца бомбаши.

Слично

Поврзани вести