Турција ослободува 38 000 затвореници, oтказ за илјадници полицајци и воени лица
Турските власти направиле законски измени, според кои околу 38 000 затвореници ќе бидат ослободени, соопшти министерот за правда Бекир Боздаг.
На Twitter министерот напишал дека ова не е амнестија и се однесува само за лица осудени за злосторства извршени до 1 јули 2016 година.
Во нив не влегуваат осудени за намерно убиство, производство и трговија со дрога, злосторства против безбедноста на државата и уставниот поредок, откривање на државна тајна и нарушувања, обвинети за законот за борба против тероризмот
Во меѓувреме стана јасно дека турските власти издале два укази за разрешување на над 2.000 полицајци и стотици воени лица и вработени во управувањето за информатичка и комуникациска технологија по обидот за преврат, јави Reuters.
Наредбите веќе се објавени во турскиот „Службен весник“. Таму се објваува исто така, дека се распушта турското Управување со пораки и телекомуникации. Досега од работа беа отстранети над 27.000 вработени од образовната сфера. Други 60 000 вработени, исто така се отпуштени, но не е јасно во кои области тие работеле.
