Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција оди кон нови избори, преговорите за коалиција пропаднаа

Турција оди кон нови избори, преговорите за коалиција пропаднаа

Последниот обид за формирање на коалиција во Турција заврши неуспешно и земјата се посигурно оди кон нови избори, соопшти весникот „Хуриет“. Ова се случи откако средбата помеѓу премиерот Ахмет Давутоглу и лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели заврши без резултат.

По разговорите Давутоглу најавил дека националистичкиот лидер не само што одбил коалициско управување, туку ја отфрлил и можноста да биде дел од привремен сојуз за управување до предвремени избори. Бахчели исто така изјавил дека нема да ја поддржи малцинската влада, управувана од Партијата на правдата и развојот.

Откако партијата на Давутоглу не успеа да се договори за широка коалиција со главната опозициска Републиканска народна партија на 13 август, премиерот изјавил дека нови избори се неизбежни за „единствената опција“ за Турција. Давутоглу сепак не дал конкретен одговор на прашањето дали има намера да го врати мандатот на претседателот Реџеп Ердоган.

Слично

Поврзани вести