Турција оди кон граѓанска војна, за да го задржи Ердоган на власт
Турција оди кон граѓанска војна. Тоа го предвидува Алекс Алексиев од Центарот за истражување на балканскиот и црноморскиот регион.
На брифингот во Домот на Европа тој истакнал дека тоа е можеби и единствениот начин Ердоган да ја задржи власта. Курдските заедници не се делат според него, изјавил Алексиев, потсетувајќи дека во текот на летото Ердоган и неговата партија ја загубија апсолутна власт во турскиот парламент, со тоа што нивните гласови беа за 20% помалку од оние во 2011 година.
Целата југоисточна Турција е всушност курдска, овие области масовно го негираат управувањето на Ердоган и ако тоа продолжи на овој начин, ситуацијата може да стане многу сериозна и ќе создаде отпор дури и граѓанска војна, покажала проценката на Алексиев. За него во моментов турската страна е многу заинтересирана за војна против Курдите, отколку против „Исламската држава“.
Ердоган ги загуби изборите, бидејќи постепено почна да води постојана угнетувачка политика и докажа дека не е демократ и не се грижи за тоа што вели турскиот устав. Исламизацијата на Турција оди со многу брзо темпо, тоа веќе не е секуларна држава, убеден е Алексиев.
Според него, Курдите сметаат дека токму Ердоган ја создал „Исламската држава“, за да ја управува против Курдите.
