Турција нападна цели на Исламската држава со дронови
Дронови, полетани од воздухопловната база „Инджирлик“ во Турција, извршија напади врз цели на „Исламска држава“ во Сирија. Во исто време турската артилерија започна и масовни напади против групата.
Нападите се одговор на ракетен напад на џихадисти на „Исламската држава“против пограничниот турски регион Килис, при што од почетокот на годината загинаа 18 лица.
Според агенцијата Анадолија при нападите на артилеријата и дроновите загинале вкупно 63 членови на групата. Четири дрона се реализирани од „Инджирлик“ а борбените летови убиле 29 екстремисти. Други 34 борци на „Исламска држава“ загинале при артилериските напади.
Турските медиуми не наведуваат на чија држава и припаѓаат дроновите, за кои се знае само дека се дел од активностите на меѓународна коалиција предводена од САД против групата. Тие погодиле неколку возила кои се користат од џихадисти, како и објекти за складирање на оружје.
