Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција најавува инвестициски бум во Србија

Турција најавува инвестициски бум во Србија
Инвестиции во инфраструктурни и енергетски проекти во Србија и зголемување на соработката меѓу двете земји. Ова го договорија претседателите на Турција и Србија, Абдулах Ѓул и Томислав Николиќ на почетокот на дводневната посета на српскиот претседател на Турција која започна вчера. Како што пренесуваат српските медиуми, една од темите за кои разговарале претседателите Абдулах Ѓул и Томислав Николиќ била и инвестициите на Турија во инфраструктурни проекти во Србија, и влијанието на Анкара врз стабилноста на Балканот. Притоа српскиот претседател истакнал дека со турскиот колега се согласиле дека „само делумно ќе бидат задоволни" кога трговската размена меѓу двете земји достигне милијарда евра. „Ќе има економски бум и експлозија во периодот што претстои. Очекувајте дека економската соработка ќе биде се поинтензивна", рекол Ѓул, пренесуваат српските медиуми. Турскиот претседател рекол и дека веќе забележува напредок во стопанската соработка и лично ги повикал турските инвеститори да вложуваат во Србија. Според него, иако Србија и Турција немаат заедничка граница, Анкара ја смета Србија за свој близок сосед. Српскиот претседател, од своја страна рекол дека Србија е отворена за турските вложувања, за доаѓање на големите турски компании, за изградба на инфраструктурата и давање на концесии за производство на енергија.  
Слично

Поврзани вести