Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција на патот кон диктатурата и деспотизмот

Турција на патот кон диктатурата и деспотизмот

Турција е во вонредна состојба. Но и во овој случај се во сила некои правила. Така на пример, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има право да го изгасне обидот за преврат и да ги отпушти бунтувните генерали. Виновниците носат одговорност без оглед каде се наоѓаат.

Само „чистката“ на Ердоган оди многу подалеку. Сега на ред се медиумите. Масовната расправа со новинари и медиуми спротивно на основните фундаментални права, кои Турција исто така е обврзана да ги почитува, пишува во коментар за Frankfurter Allgemeine Zeitung“ Рајнхард Милер.

При вонредна состојба Ердоган може да го замрзне привременото почитување на Европската конвенција за човекови права, но само доколку ситуацијата безусловно го налага тоа и во одредена мерка не противречи на други обврски од меѓународното право. Кога со декрет располага затворањето на стотици медиуми под сомнение дека се поврзани со „Движењето Гулен“, ова е неприфатлив напад врз слободата на мислењата и печатот.

Активностите на Ердоган се сериозен предизвик за партнерите на Турција - Советот на Европа, Европската унија, НАТО. Земјите членки на нив, односно вклучувајќи ја и Турција, се должни по договор „да ја гарантираат слободата, заедничкото културно наследство на своите народи, врз основа на принципите на демократијата, слободата на поединецот и принципите на правото“.

Точно е дека Турција преживеала не еден воен удар. Задушувањето на последниот не ја менува стратешката улога и значењето на земјата - особено за бегалската криза во Европа. Турција останува важен партнер.

Но западната заедница на вредности не може да си дозволи да игнорира еден фундаментален удар токму против нејзините вредности. Затворање и унифицирање на медиумите е нешто многу различно од отпуштањата на државни службеници. Слободата на мислењата е суштински принцип на правната држава. Барањето на еден човек да го изразува исклучиво вистинското мислење и безмилосно да го инхибира мислењето на другите е белег на авторитарна транзиција кон диктатура и деспотизам.

Слично

Поврзани вести