Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција: Меѓународните напори против „Исламската држава“ не се доволни

Турција: Меѓународните напори против „Исламската држава“ не се доволни

Напорите предводени од САД за меѓународна коалиција за борба против групата „Исламска држава“ се недоволни. Ова го изјавил турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, цитиран од странските новински агенции.

„Напорите на антитерористичката коалиција, формирана за борба против „Исламската држава“, се недоволни. За жал кон денешниот ден нема ниту една конкретна стратегија за борба против таа група“, изјавил Чавушоглу.

Во исто време Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјавил дека не го смета за можна евентуална соработка на Алијансата и Русија во борбата против „Исламската држава“, пренесува „Интерфакс“.

Столтенберг прецизирал дека практичната соработка е прекината поради активностите на Москва во Крим и источна Украина.

Слично

Поврзани вести