ТУРЦИЈА: Колапс на туризмот-се гаси и последната надеж!
Tуризмот во Турција ги изгуби главните клиенти-после инцидентот со Су-24 остана без руските гости, а сега, после терористичките напади во Истанбул, патувањето во таа земја го откажуваат и Германците. Последиците ќе бидат катастрофални за целата економија на земјата, пишува германски „Cajt“.
Министерството за надворешни работи на Германија ги советуваше патниците „привремено да избегнуваат“ собири на јавни места и во близина на туристички знаменитости во Турција.
Целосно е природно трет терористички напад за пола година во Турција да влијае погубно на туристичкиот бизнис во таа земја.
Тероризмот во последно време добива нови размери, бидејќи често е насочен против туристи“, смета експерт за туризам од Киљ, Мартин Ломан.
Според статистиката, граѓаните на Германија ги сочинуваат најзначајниот дел од посетителите на Турција-2014 година таа земја ја посетиле повеќе од четири и пол милиони Германци.
На второ место биле Русите, но турскиот бизнис со нив се збогуваше во ноември 2015 кога се влошија односите меѓу Москва и Анкара после инцидентот со соборениот руски воен авион.
Бидејќи рускиот претседател Владимир Путин воведе санкции за Анкара, руските туроператори повеќе не им нудат на своите клиенти патувања во Турција.
За туризмот, очигледно ваквите мерки имаат двојни последици: бидејќи поради отсуство на руски гости мноштвото соби остануваат празни, туроператорите на другите земји почнуваат да бараат големи попусти.
Бранот на неуспех кој го заплиска турскиот туристички бизнис ќе влијае на целата економија на земјата.
„Туризмот е исклучителен важен сектор на турската економија и еден од главните извор на странски валути“, наведува експертот од Германското здружение за меѓународна соработка Мартин Симон.
