Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција ќе се бори со „Исламската држава“ на територијата на Сирија

Турција ќе се бори со „Исламската држава“ на територијата на Сирија

Турција наскоро ќе започне да ја напаѓа „Исламска држава“ во Северна Сирија. Тоа го изјавил турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на средбата со државниот секретар на САД, Џон Кери во малезиската престолнина Куала Лумпур.

„Во моментов заедно со САД ја тренираме и опремуваме умерената сириска опозиција, но наскоро ќе почнеме и сами ефикасно да се бориме со „Исламска држава“, изјавил Чавушоглу пред новинарите во почетокот на средбата со Џон Кери.

„Тогаш земјата ќе е безбедна, за да може умерената сириска опозиција да ги зајакне своите позиции во борбата против „Исламска држава“.

Вчера, комесарот за проширување Јоханес Хан ја повика Турција кон „пропорционална“ акција против „тероризмот“, за да се избегне прекин на мировниот процес со курдските бунтовници. Неговиот коментар беше по повод акциите на турските власти против „ПКК“.

Слично

Поврзани вести