Турција: Ќе ги исполниме критериумите на ЕУ за укинување на визите до понеделник
Турција ќе ги исполни критериумите на ЕУ за укинување на визите до понеделник, 2 мај.
Ова го изјави турскиот министер за европски прашања Волкан Бозкир, соопштува грчкото електронско издание Ekathimerini.
Бозкир истакна дека очекува Европската комисија да препорача укинување на визниот режим за турските граѓани кои патуваат во земјите од Заедницата, уште следната недела.
ЕК ќе го претстави извештајот за прогресот на визната либерализација за Турција на 4 мај. Тоа го потврди претставникот на ЕК Мина Андреев.
Во исто време стана јасно дека Франција и Германија се залагаат за "итна сопирачка" во договорот за укинување на визите за турските граѓани, пишува весникот Politico.
Мерката ќе стапи во сила, во случај дека премногу Турци (или Грузијци, чија влада исто дискутира сличен договор со ЕУ) имаат корист од отстапките за кои засегнатите страни се договараат во моментов.
За таа цел Берлин и Париз поднеле заеднички предлог за "механизам за укинување на безвизниот режим", што е на располагање во редакцијата на весникот. "Сегашните миграциски и бегалски трендови го прават неопходно присуството на ефикасен механизам за да се спречи визната либерализација", се вели во документот.
Слично
