Турција ќе добие 3 милијарди евра помош за бегалците
Канцеларката Ангела Меркел го поддржа доделувањето на 3 милијарди евра на Турција за справување со бегалскиот проблем на прес-конференција во Брисел.
Се смета дека оваа помош ќе и помогне на Турција да ги задржи сириските бегалци во рамките на своите граници и ќе ги одвраќа од долгото и потенцијално опасно патување во Европската унија.
„Турција ги заслужува овие пари, бидејќи таа мораше да ја преземе одговорноста за повеќе од два милиони бегалци“, изјавила Меркел.
„Оваа тежина треба да биде споделена“, додала германската канцеларка. Таа отиде подалеку велејќи дека добивањето на три милијарди евра ќе и помогне на Турција, која веќе има дадено за бегалците скоро 7 милијарди.
Што се однесува до иднината, Меркел изјавила дека сите тегови треба да се делат од земјите -членки на ЕУ.
За време на состанокот во Брисел лидерите на ЕУ разговараа за договорот од „Даблин“, жешките точки и зајакнувањето на надворешните граници на Европската унија.
