Турција ја фрла „иднината во затвор“
Италијанскиот премиер Матео Ренци изрази жалење за невидените мерки преземени од турските власти, и за извршените масовни апсења, велејќи дека Турција ја фрла "иднина во затвор".
Она што го видовме во изминатата недела, не загрижува исто толку колку и тенковите на улиците на Истанбул, рече Ренци на собранието на Демократската партија.
Поради тесните врски утврдени со турските институции во последните десет години, сакаме им да кажеме на турските институции дека земја која ги фрла во затвор своите учители и новинари, ги фрла во затвор иднина, посочи Ренци .
За договорот меѓу Европската унија и Турција за бегалците шефот на италијанската влада изјави дека нема таков договор за имиграцијата, што може да е за сметка на правата на човекот.
