Турција губи 300 милијарди долари поради тероризам!
Само последните 30 години, тероризмот ја чини Турција вкупно 300 милијарди долари, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Тој нагласи дека поради стравувањата, поврзани со тероризмот, во Турција не биле реализирани многу инвестициски проекти.
„Во последните 29 години тероризмот однесе многу човечки животи и причини штета врз економијата. Се надевам дека од сега па натаму нема да се убиваат повеќе луѓе, а освен тоа ќе се придвижи и економијата“, истакна Ердоган.
Кон крајот на 2012 година турските власти соопштија дека почнале мировни преговори со лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, а минатиот месец бунтовничкиот лидер упати повик за прекин на огнот и повлекување на курдските борци од Турција.
Слично
