Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција има план – работна дозвола за бегалците

Турција има план – работна дозвола за бегалците

Tурција планира да им понуди на сириските бегалци работни дозволи, со што би ги охрабрила да останат, а со самото тоа да го намали нивното заминување кон ЕУ.

„Се обидуваме да го намалиме притисокот на нелегална миграција давајќи им работни дозволи на Сиријците во Турција“, изјави министерот за европски работи на Турција Волкан Бозкир пред новинарите после состанокот со потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс во Анкара, пренесе Ројтерс.

Тој додал дека бројот на нелегални мигранти во 2015 година надмина 150 000 додека турските претставници запираат 5000 од нив на дневно ниво.

Тимерманс минатата недела порача дека Европската унија не е задоволна од напорите кои Турција ги вложува како би го спречила доаѓањето на мигранти во Грција преку Егејското море.

Турската влада се обидува да направи план со кој би им олеснила на Сиријците да заработат за живот, но стапката на невработеност од 10 одсто и бавниот економски раст ги спречуваат во тоа.

Стотици илјади Сиријци и други странци работат нелегално за ниски плати, а само околу 6000 Сиријци добиле работни дозволи, наведува Меѓународната организација за труд, специјалнизираната агенција на ОН.

Моментално, бегалците под привремена заштита можат да работат во рамки на бегалската заедница во Турција како лекари, или учители во камповите.

Слично

Поврзани вести