Турција и САД ја одлагаат програмата за обучување на сириски бунтовници
Министерот за надворешни работи на Турција, изјавил дека лансирањето на заедничката турско-американска програма за обука и вооружување на сириските бунтовници за борба против „Исламска држава“ се одложува.
Мевлут Чавушоглу, истакнал во интервју за турската државна телевизија дека програмата е запрена поради технички причини и дека тоа не е поврзано со некакво недоразбирање со САД. Тој не обајснил кога ќе почне програмата.
Турција и САД постигнаа договор за вооружување и обука на сириски бунтовници во февруари по неколкумесечните преговори. Турски официјални лица изјавија пред дека обуката ќе започне во март, но потоа ја одложија за мај.
Министерството за одбрана на САД објави дека ќе бидат обучувани по 5 илјади Сиријци на една година за период од 3 години во Турција, Саудиска Арабија и Катар.
