Турција и „Гаспром“ се договорија за попуст во цената на гасот
Турција тврди дека успеала да постигне договор со „Гаспром“ за попустот во цената на природниот гас.
Ова го објави министерот за енергетика Танер Јилдиз за време на нафтено-гасна конференција „Turoge-2015“ која се одржува во Анкара, објави „gazeta.ru“.
Документите за попуст во цената уште не се потпишани, но тоа се технички детали. Информациите за проблеми во преговорите се „неосновани“, истакнал министерот.
Во почетокот на февруари се шпекулираше дека „Газпром“ и дал на Турција попуст за испорачаниот природен гас во износ од 10,25 отсто.
Подоцна медиумите објавија за тешкотиите на преговорите за оваа тема, бидејќи двете компании не успеваат да се разберат на која компонентата од формулата за одредување на цената се применува попуст.
