Турција и дава 6 години на ЕУ за да ја прими
Анкара сака да слави 100 години од основањето на турската република и влез во ЕУ во 2023 година.
Турција би сакала да стане член на Европската унија до 2023 година, изјави постојаниот претставник на Турција во ЕУ, Селим Енел.
„Турската Влада сака земјата да се приклучи кон ЕУ до 2023 година. Тогаш Република Турција ќе наполни 100 години од своето основање. За мојата земја членството во Европската унија ќе биде еден свечен венец"- вели Енел во интервју за германскиот неделник Велт.
Енел признава дека во моментов условите за влез во ЕУ не се најповолни, но тоа може да се промени брзо. Спогодбата за асоцијација меѓу ЕУ и Турција беше потпишана во 1963 година. Анкара поднесе барање за членство во ЕУ во 1987 година. Преговорите за пристапување на Турција во ЕУ, почнаа дури во 2005 година.
Во моментов се исполнети 16 од 35 поглавја од преговорите за членство во ЕУ. Турција тргува за членство во ЕУ со договорот за бегалците.
Покрај тоа, Турција инсистира за безвизен режим.
