Турција гради модуларен ѕид долж границата со Сирија
Турција ќе подигне модуларен ѕид по должината на границата со Сирија по нападот во Суруч, каде загинаа 32 лица, соопшти Ројтерс.
Според зборовите на вицепремиерот на Турција Булент Аринч се основани критичните делови на турско-сириската граница и спрема нив ќе бидат спроведени мерки "со сите технолошки можности".
"Министерството за националната безбедност го претстави свој проект. Главно внимание е посветено на спречување физичкото преминување преку границата на терористи од "Исламска држава".
За целта на границата ќе бидат поставени соодветни системи за безбедност. Одредени се и критичните делови од границата. Тие ќе бидат опремени најнапред и ќе добијат најновите технички средства за контрола ", рече тој.
Според податоците на претставник на турската влада на границата ќе биде подигнат модуларен ѕид со должина од 150 километри, кој ќе може да биде отстранет во секое време. Исто така на одредени места ќе биде ставена и бодликава жица.
