Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција го заплени имотот на околу 190 бизнисмени поврзани со Гулен

Турција го заплени имотот на околу 190 бизнисмени поврзани со Гулен

Обвинителството во Истанбул издаде наредба за конфискација на имотот на 187 бизнисмени, чии бизниси беа претресени под сомнение дека преку нив се финансира исламскиот проповедник Фетхуллах Гулен кој живее во САД, објавија локалните медиуми.

Во рамките на операцијата на финансиската полиција во Истанбул и други градови се приведени 60 лица, некои - сопственици на големи фирми, соопшти приватната агенција Доган.

Властите на Турција веќе уапсиле над 40 000 лица по обидот за преврат во земјата од јули. Од нив 20 000 се уште се во притвор, соопшти премиерот на земјата Бинали Јилдирим. Околу 80 000 лица, пак, беа отпуштени од вооружените сили, полицијата, судските и истражните органи и во владиниот апарат.

Затворени се 4262 компании или организации поврзани со Фетхуллах Гулен, кој според властите во Анкара стои зад неуспешниот обид за државен удар.

Слично

Поврзани вести