Турција го плаши НАТО: Може да излеземе!
Турција може да излезе од НАТО, бидејќи не ја почувствувала поддршката на Алијансата по пропаднатиот обид за државен удар.
Ова го изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу во интервју за агенцијата Анадолија.
Тој вели дека ЕУ има направено тешки грешки во реакциите на настаните и може да се обвинува само себеси, ако ја „изгуби" Турција.
НАТО од своја страна истакна дека членството на Турција не е доведено во прашање и Анкара може да смета на поддршка.
Турција е важен сојузник, кој придонел многу за заедничките напори на НАТО, се вели во соопштението на НАТО Пактот.
Слично
