Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција ги прекинува летовите над Сирија по кризата со Русија

Турција ги прекинува летовите над Сирија по кризата со Русија

Турција ги прекинува летовите на воздухопловните сили над територијата на Сирија во рамките на заедничките меѓународни операции против терористичката група „Исламска држава“, по инцидентот со соборениот руски авион Су-24, соопшти турскиот весник „Hyrriet“.

Одлуката е донесена по заемна согласност со Русија, која тврди дека исто така „ќе престане со воздушните операции во близина на границата на Турција“.

Рускиот претседател Владимир Путин предупредил дека нападот врз авионот ќе има „сериозни последици“ за руско-турските односи.

Турција ќе ја смета за манифестација на агресија ситуацијата во која нејзин воен авион го наруши воздушниот простор на Сирија и биде соборен од руски ракетни комплекс. Ова е наведено претходно од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во интервју за „CNN“.

На прашањето како ќе реагира Анкара, ако турски воен авион биде соборен од системот С-400, Ердоган изјавил: „Ние не сакаме никаква ескалација во регионот. Не сакаме да учествуваме во тоа. Но оние кои ќе застанат на страната на Сирија и ќе го поттикнат растот на тензиите, сметам дека треба да си ги понесат последиците“.

Слично

Поврзани вести