Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турција ги почна воздушните напади против Исламската држава

Турција ги почна воздушните напади против Исламската држава
Турција вчера го спроведе првиот воздушен напад против припадниците на Исламската држава во Сирија. Воздушните напади се во склоп на заедничката коалиција со американските трупи. Американски авиони веќе почнаа со воздушни напади од турски бази. Турското министерство за надворешни работи соопшти дека нападот бил извршен со џет авиони, а главна цел биле припадниците на ИД по границата со Сирија. Инаку, планот на САД и Турција е да обезбедат воздушна заштита на умерените сириски бунтовници кои сакаат да ги потиснат борците на ИД од пограничната територија.
Слично

Поврзани вести