Турција дава 1,37 милиони долари за главата на војсководецот на терористите
Турските власти одлучија да понудат до 4 милиони турски лири (1,37 милиони долари) на луѓето кои ќе помогнат за уништување на „терористите“. Официјалната одлука на Владата по прашањето е донесена по разгорувањето на судирите помеѓу силите за безбедност и Курдската работничка партија (ПКК).
Наградите за информаторите ќе бидат определени во зависност од „вредноста на информацијата за спречување на терористички злосторства и фаќање на субјектите“, гласи одлуката на владата.
Луѓето кои ќе соопштат за идентитетот или локацијата на „осомничен терорист“ анонимно ќе добиваат до 200 000 фунти (68 илјади долари), ако оние за кои известуваат, не се вмешани во терористички активности.
Наградата сепак отскокнува 20 пати до 4 милиони турски лири, ако Информаторот даде податоци за водачот на „терористичка организација“ или за кривично дело кое е доволно значајно, за да предизвика „немири“.
Информаторот не треба да биде задолжително турски државјанин, за да добие награда.
Во јули Анкара започна антитерористички акции против објектите на „Исламска држава“ во Сирија и на ПКК во северен Ирак и југоисточна Турција. Ова следеше по серијата смртоносни напади.
Околу 60 лица од турските безбедносни сили биле убиени во последните пет недели откако ПКК започна да се одмаздува за воздушните операции на турската армија против курдски објекти. Според турската влада над 2.500 лица досега се уапсени во операции против осомничени како припадници на ПКК, џихадисти од „Исламска држава“ и екстремисти од други крајни групи.
