ТУРЦИЈА: Четворица загинати при судир на автобус со нелегални мигранти и кола
4 лица загинаа и 30 се повредени во сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил во турската провинција Чанакале, пренесува агенција Ксинхуа.
Жртви во несреќата се луѓето кои се наоѓале во автомобилот, од кои двајца имале статус на бегалци.
Автобусот со кој автомобил се судрил, превезувал илегални бегалци од Сирија, Авганистан и Минанмар и патувал кон грчкиот остров Лезбос.
Причината за несреќата се истражува.
Слично
