ТУРЦИЈА БРОИ ЗАГУБИ: Стравот од тероризам го преполови бројот на туристи
Туристичкиот бизнис во Турција ќе претрпи тешки загуби ова лето поради тековните терористички напади во земјата.
Бројот на туристите се очекува да се намали за 40% во споредба со претходната година, а стотици хотели се прогласени за продажба.
Турзимот претставува околу 4% од БДП на Турција, во кој работат околу 1 милион луѓе, што претставува 7% од работното население.
Во периодот од 2001 до 2014 година, приходите од туризмот во Турција се зголемија три пати и достигнуваат $ 34,3 милијарди долари. Во 2012 година Истанбул е меѓу петте најпопуларни туристички дестинации според MasterCard Global Destination Cities Index.
Но, минатата година, приходите на индустријата за прв пат се намалени за 8% од 2010 година до $ 31.5 милијарди, а уште посериозен пад е забележан во јануари оваа година – 19% во споредба со истиот период минатата година.
