Турција безусловно го поддржува членството на Македонија во НАТО
Премиерот Никола Груевски вчера се состана со турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган.
Двајцата лидери ги поздравиле добрите односи помеѓу двете земји и изразиле задоволство од нивниот развој.
Груевски и Акдоган оцениле дека помеѓу двете земји постои силна соработка, што се развива во духот на пријателството, меѓусебното почитување и разбирање.
Груевски му се заблагодарил и за безусловната поддршка на Турција за членство на Македонија во НАТО.
Слично
