Турција бара проширување на НАТО
Анкара бара од НАТО да се прошири уште следната година.
„Турција ќе има клучна улога во борбата против новите растечки закани по јужното крило на НАТО“, изјавил генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во Анталија на средбата на министрите за надворешни работи од организацијата.
Столтенберг, истакнал дека соработката меѓу НАТО и ЕУ ќе се засилува и во сферата на борбата против илегалната имиграција, како и дека Алијансата ќе има целосна поддршка за подготвување на операцијата на Еврозоната во врска со илегалните имигранти во Средоземното Море.
За време на средбата во Анталија турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека напорите предводени од САД и меѓународна коалиција за борба против групата „Исламската држава“ не се доволни. „За жал до денес нема ниту една конкретна стратегија за борба против групата“, изјавил тој.
Турција, која е втора по бројност сила во НАТО по САД, побара на следниот самит на организацијата во 2016 година во Варшава да биде објавено продолжување на организацијата.
„На исток гледаме повеќе напаѓачи на Русија, одговорна за агресивните дејствија во Украина, а на југ - насилство и екстремизам ... Затоа НАТО треба да се адаптира на новата средина во однос на безбедноста, за да можеме да ги заштитиме своите сојузници од заканите“ , изјавил по вчерашната финална конференција Јенс Столтенбер.
