Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турските власти ги уапсија пилотите кои го соборија рускиот авион

Турските власти ги уапсија пилотите кои го соборија рускиот авион

Двајцата турски пилоти, кои во ноември лани го урнаа рускиот бомбардер над сириската граница, се уапсени под сомнение за учество во обидот за воен удар во Турција.

На 16 ноември 2015 година турски авиони Ф-16 над сириската граница го соборија рускиот бомбардер Су-24.

Русија од официјална Анкара побара извинување, казна за виновниците и компензации за предизвиканата штета. На крајот на јуни Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин добил порака од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган со извинување за соборувањето на авионот.

Турскиот премиер, Бинали Јилдирим вчера изјави дека по обидот за државен удар се приведени над 7.500 лица, вклучувајќи и 103 генерали и адмирали.

Слично

Поврзани вести