Турските туристи се далеку побројни од српските - кои посетители се на трето и четврто место?
Бројот на странски туристи е зголемен за 15 отсто.
Во јули дошле 55.129 туристи од Турција, 9.898 од Србија, 4.304 од Полска и 3.989 од Холандија.
Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10,2 отсто, односно кај домашните туристи има намалување за 0,1 отсто, а кај странските има зголемување за 15,1 отсто.
Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5,5 отсто така што кај домашните туристи има намалување за 0,5 отсто, а кај странските има зголемување за 11,5 отсто.
Во јули 2025 година бројот на туристите изнесува 209 932, а на ноќевањата 770 733. Од вкупниот број туристи во месец јули 2025 година, 42.1 отсто се домашни, а 57.9 отсто се странски.
Бројот на ноќевањата во јули 2025 година изнесува 770 733, од кои 69.2 отсто се од домашните туристи, а 30.8 отсто од странските туристи.
foto Wikipedia/kallerna