Турски стопанственици од Коџаели заинтересирани за инвестирање
Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со турски стопанственици од регионот Коџаели, на маргините на 16 Евроазиски економски самит денеска во Истанбул. На средбата инаку учествуваа и бизнисмени со потекло од Македонија, а биле презентирани поволностите за инвестирање во Република Македонија, како и економските и туристичките можности на земјата.
Како што информираше МИА турските стопанственици изразиле заинтересираност за инвестирање во Република Македонија, а станало збор и за конкретни инвестиции во земјава. Исто така, турските стопанственици упатиле покана до претседателот Иванов да ги посети во Коџаели.
Коџаели е регион каде живеат 1,6 милиони жители и се реализира 13 отсто од севкупното турско производство. Оттаму се собираат 13 отсто од вкупните даноци во Турција. Во Коџаели функционираат 13 индустриски зони, две слободни економски зони и три технолошки паркови. Регионот има 34 пристаништа од каде се транспортираат 65 милиони тони стока годишно, со што е на осмо место во Европа.
Од 500-те најголеми компании во Турција, 92 се од Коџаели. Годишно компаниите од овој регион извезуваат стоки во вредност од 17 милијарди евра.
Слично
