Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турскиот вицепремиер открил какви ќе се „најтешките можни последици“ од руските санкции

Турскиот вицепремиер открил какви ќе се „најтешките можни последици“ од руските санкции

Влошувањето на односите со Русија може да ја чини Турција 9 милијарди долари. Ова се најлошите можни последици кои ги соопштил вицепремиерот и министер за финансии на Турција, Мехмет Симсек, цитиран од агенциите.

Дипломатските напони и економските санкции наметнати од Москва по соборувањето на рускиот борбен авион од турските воздухопловни сили над границата со Сирија, најверојатно ќе ја чинат Турција 0,4% од нејзината годишна продукција. Затоа Турција инсистира Русија да ги укине економските санкции.

Симсек, кој неодамна беше назначен за министер за финансии, исто така, изјавил дека владата ќе преземе „реорганизациски мерки“ за зголемување на минималната плата, иако нема можност да обезбеди целосни средства за таков чекор.

Слично

Поврзани вести