Економија, финансии, бизнис

Контакт

Турскиот туризам на колена - колку туристи изгубија?

Турскиот туризам на колена - колку туристи изгубија?

Турскиот туризам трпи сериозни загуби. 

Турските приходи од туризмот се намалија за скоро 30% лани, затоа што туристите ја избегнуваа оваа земја по серијата терористички напади и неуспешниот воен удар.

Приходите од туризмот во 2016 година опаднаа за 29,7%  во однос на претходната година, на 19,7 милијарди евра, наведе турскиот Завод за статистика (ТУИК).

Турција беше погодена од бран терористички напади за кои се обвинети исламските екстремисти и курдските милитанти. Туристите ги одврати и обидот за воен удар и подоцнежните пресметки на властите со учесниците на неуспешниот пуч. 

Во 2014 година Турција беше шестата најпопуларна туристичка дестинација во светот, зад Италија, а и имаше по 40 милиони посетители годишно.

Според компанијата за истражувања во секторот на туризмот ForwardKeys бројот на туристите кои доаѓаат во Турција на аеродромите, е намален за 21% во 2016 година. Уште пред последниот напад во Истанбул бројот на посетителите се очекуваше да падне за 22% во првите неколку месеци на 2017 година. 

Туризмот претставува околу 5% од турската економија, а во оваа индустрија работат над 2 милиони луѓе, или 8% од работната сила во земјата. 

Туризмот во Турција има сериозни проблеми по терористичкиот напад  од новогодишната ноќ во клуб во Истанбул. 

Слично

Поврзани вести